Милевски: Ривалот сака повеќе да ја има топката, ќе биде неизвесно во Рејкјавик

1 min read

В недела од 18.00 часот по македонско време нашата најдобра репрезентација во Рејкјавик против Исланд ќе го игра и петтиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 Катар.

Денеска по повод новиот меч беше организирана прес конференција на која своите очекувања за дуелот со Исланѓаните ги сподели селекторот на сениорите, Благоја Милевски.

– Ерменија е веќе зад нас, сега се фокусираме за дуелот со Исланд. Наше е да го дадеме максимумот и се обидеме да дојдеме до поволен резултат. Да, ние се наоѓаме во една трансформација до играчи кои имаат помал стаж во селекцијата, но со настапите во своите клубови го заслужија повикот да бидат во националната репрезентација.

На секој меч одиме на триумф, противникот сака повеќе да ја контролира топката, па така очекуваме дека ќе биде неизвесно до самиот крај. Не чувствуваме никаков притисок од јавноста, овие фудбалери се професионалци, мотивирани да го дадат срцето на теренот – вели Милевски.

Во досегашните меѓусебни дуели со Исланд имаме две победи, едно реми и еден пораз. Овој септемвриски циклус ќе го затвориме на 8 септември на Денот на независноста на домашен терен против Романците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младиот Марко успеа во подвигот – исплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

Следно

БиХ: Речиси 700 нови случаи на ковид-19 од 2.700 тестови, починаа уште 11 луѓе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian