Викендов (4-5 септември 2021 година) во големата спортска сала на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија под раководство на претседателот на истата м-р Дејан Митровски – Урко, нашата држава е домаќин на престижниот 15 Балкански кикбокс шампионат.
На овој настан учество земаат 190 натпреварувачи од Балканот од шест земји учеснички – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија.
Натпреварот беспрекорно организиран по теркот на светските натпревари, во величенствена атмосфера го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, а со своето присуство натпреварот го збогатија и поддржаа:
Даниел Димевски – претседател на Македонскиот олимписки комитет, Рој Бејкер – Претседател на ВАКО, Иштван Кирали – претсетател на ВАКО Европа, Салим Кајачи – претседател на ВАКО Медитеран и Владимир Ситар – претседател на ВАКО Балкан.
Претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, им се заблагодари за поддршката на сите погоре споменати гости со пригодни плакети.