Хрватска: Седуммина починати и 882 нови случаи на ковид-19

1 min read

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 882 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а седуммина пациенти починале, соопштија здравствените власти.

Во земјата во моментов има 4.452 активни случаи на ковид-19, а 469 пациенти се хоспитализирани, од кои 59 се на респиратор. Ѐ

Од 25 февруари лани, кога беше потврден првиот случај, во Хрватска се забележани вкупно 377.299 заразени лица, а починале 8.362-ца луѓе.

8.400 лица се во изолација, а во земјата досега се направени над 2,5 милиони тестирања, соопштија властите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што бараат лица од Шестата управа на местото на сообраќајката пред Стража, прашува Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Земјотрес кај српскиот град Нови Пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian