ГРАД СКОПЈЕ: ВО СРЕДА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ 30.08.2021

1 min read

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (01.09.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира на 01.09.2021 година, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира на 01.09.2021 година, во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

https://skopje.gov.mk

Претходно

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТРАНИЧНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО КАРПОШ 30.08.2021

Следно

ПРВИОТ ВИСЕЧКИ МОСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОВРЗУВА ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ 26.08.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian