Ф1: Холанѓанецот пред дуото на „Мерцедес“, пол позиција за Ферстапен

1 min read

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен на домашен терен ја обезбеди пол позицијата пред неделната трка за Големата награда на Јапонија.

Навивачите на Зандворт имаат многу причини за славје, а после неизвесниот последен круг, Ферстапен сепак беше 38 илјадитинки побрз од актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон на „Мерцедес“.

Од третата позиција ќе тргне вториот возач на „Мерцедес, Валтери Ботас кој заостана 337 илјадитинки зад Ферстапен.

Помеѓу првите 10 се пласираа и Пјер Гасли, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Антонио Џовинаци, Себастијан Окон, Фернандо Алонсо и Даниел Рикардо.

Трката за ГН на Холандија ќе се вози утре со почеток од 15.00 часот.

Моментно во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 202,5 поени, пред Ферстапен со 199,5, а трет е Британецот Ландо Норис (113), пет повеќе од Ботас

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Подигнато обвинение против човекот кој ѝ се закануваше на Ива Митева, претседателката на Бугарскиот парламент

Следно

Сите актуелни градоначалници на ДУИ ќе се борат за нов мандат на изборите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian