ДУИ со кандидати за градоначалници во 18 општини

1 min read

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска на партискиот Генералниот совет во Гостивар, направи резиме и пресек на актуелните политички случувања во земјата и регионот. Исто така најави и победа на ДУИ на престојните локални избори.

– Победата на Демократската унија за интеграција на локалните избори несомнено ќе ја следи уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациона мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро одржувани училишта и редовно реновирани – истакнал меѓу другото Ахмети.

На состанокот на Генералниот совет на ДУИ, по предлог на лидерот Ахмети, едногласно беа изгласени кандидатите за градоначалници од редовите на ова партија:

Ејуп Абази – Студеничан
Суат Шаќири – Чашка
Хекуран Дука – Дибар
Еркан Арифи – Липково
Неби Реџепи – Врапчишт
Рамиз Мерко – Струга
Фатмир Изаири – Желино
Бесник Емшиу – Боговиње
Нухи Незири – Теарце
Али Јаоски – Пласница
Аркин Јахии – Брвеница
Блерим Беџети – Сарај
Висар Ганиу – Чаир
Фатмир Дехари – Кичево
Невзат Бејта – Гостивар
Теута Арифи – Тетово
Ридван Ибрахими – Арачиново

Кандидатот за општина Долнени лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе го одреди наредните денови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дотраените бараки стари повеќе од 60 години ги заменуваме сo нови амбуланти, вели Филипче

Следно

Спасовски: Агенцијата за национална безбедност е модерна и европска агенција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian