Д-р Манолева-Николовска: Се сомневам дека докторите инфлуенсерки ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето на вашите деца

1 min read

Д-р Елена Манолева-Николовска, со својот фејсбук-статус се осврна на антиваксерската кампања, која веќе одамна постои и не се работи само за ковид-вакцините, туку и за оние стандардните во нашите вакцинални картони, благодарение на кои голем број сериозни болести веќе одамна ги нема кај нас. 

„Ние неможеме да реализираме и да постигнеме успешна и комплетна вакцинација на основните смртоносни и животно загрозувачки болести кај децата, па правиме муабет за Ковид и вакцинација од Ковид кога родителите на овие деца се потенцијалните примачи на вакцини. А сега може да се вратите на вашите инфлуенсерки. Чисто се сомневам дека тие ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето и животот на вашите деца. Бидејќи во отсуство на добро организиран здравствен и правен систем само тоа и ви останува, пишува таа.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Министерството за надворешни работи станува зелено

Следно

Професорка или бизнисмен, кого Алијанса за Албанците ќе кандидира во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian