Четири бремени жени починаа во Косово во последните неколку дена од последиците од Ковид-19, додека уште две се лекуваат на одделот за интензивна нега.
Во последните два случаи извршени се предвремени породувања. Две мајки починаа во последните два дена. Едното бебе преживеа, додека другото не, изјави лекарот задолжен за одделот за интензивна нега, Ментор Алимусај, за „Коха“.
Претходно, уште два смртни случаи на бремени жени беа регистрирани во земјата, со што бројот на бремени жени кои починаа од делта-варијантата на коронавирусот се искачи на четири.
Во моментов, две бремени жени се лекуваат на интензивна нега.