БиХ: Речиси 700 нови случаи на ковид-19 од 2.700 тестови, починаа уште 11 луѓе

1 min read

Не стивнува последниот бран на епидемијата во Босна и Херцеговина – во изминатите 24 часа е потврден уште 691 случај на ковид-19, а 11 пациенти починале, соопшти Министерството за здравство.

Тестирани се 2.766 пациенти. Тројца од починатите се од Федерацијата БиХ, а осуммина од Република Српска.

Само во Република Српска, од почетокот на пандемијата се забележани 67.837 заразени лица, а починале 3.900 луѓе. Во ентитетот се хоспитализирани вкупно 429 пациенти, од кои 38 се на респиратор, соопштија здравствените власти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Ривалот сака повеќе да ја има топката, ќе биде неизвесно во Рејкјавик

Следно

ВИДЕО: Две групи Косовари се пресметуваа со пиштоли во Трст, осуммина се повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian