Барди: Против Исланд многу работи ќе зависат од нас на теренот

2 mins read

В недела од 18.00 часот по македонско време нашите најдобри фудбалери ќе го играат петтиот натпревар од квалификациите за СП 2022 против Исланд.

Своите очекувања во пресрет на мечот со Исланѓаните ги сподели и играчот на шпанскиот клуб, Леванте, Енис Барди.

– Треба да се концентрираме на нашата игра и тоа што го договараме пред натпреварот да го исполниме на теренот и да го дадеме максимумот. Исланд е многу силен противник, но многу работи ќе зависат од нас на теренот.

Мора да бидеме 100% концентрирани, да се има желба, во што не се сомневам. Останува тимски заедно да работиме и да одиме на победа.

Тоа што е направено во минатото, си стои, со историјата и пласманот на Европското првенство, но сега фудбалот е таков спорт во кој треба да се докажуваш секојдневно и особено овде кога сме во репрезентацијата, значи се очекуваат резултати, добри игри.

Јас не гледам притисок во ниту еден момент, можам да кажам дека сме „гладни“ да успееме уште повеќе. Имаме многу да дадеме, мислам дека оваа генерација е уште млада, да даде повеќе успеси и дека доколку одат нештата како што посакуваме, можеме да напредуваме уште повеќе.

Секогаш е нов предизвик, ние со Милевски работевме уште од У21, го знаеме многу добро, и тој нас. Има некои играчи кои и натаму не го знаат подобро селекторот, но се вклопуваат многу брзо во неговата филозофија. Најважно е да одиме натпревар по натпревар, самодовербата е тука и наше е 100% да влегуваме во мечевите – вели нашиот репрезентативец Барди.

Милевски: Ривалот сака повеќе да ја има топката, ќе биде неизвесно во Рејкјавик

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Табановце се чека час и половина за излез од Македонија

Следно

ВИДЕО: Ѓукановиќ пристигна на Цетиње, започна литургијата во Подгорица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian