Алијанса за Албанците: Германската фондација Конрад Аденауер ги обучува нашите кандидати

1 min read

Фондацијата Конрад Аденауер одржа обука на тема „Градење капацитети на локално ниво” за кандидати за градоначалници и некои од потенцијалните кандидати за општински советници, предложени од Алијансата за Албанците, соопшти партијата.

Настанот го отвори директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, г. Даниел Браун, кој ја изрази својата подготвеност и на неговата екипа за подршка на Алијансата за Албанците во градењето капацитети. Еден од приоритетите во рамките на оваа соработка е членството на Алијансата за Албанците во Европската Народна Партија, како дел од големото семејство на десничарски партии.

Во својот говор пред кандидатите за време на оваа обука, претседателот на АА, Зиадин Села, истакна дека се чувствуваат од говорни при изборот на кандидати бидејќи е многу важно да се водат исправно општините и да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните. Заложба на Алијансата за Албанците, рече Села, ќе биде соодветна децентрализација на власта, со посебен акцент на фискалната децентрализација и здравството.

Предавачи на оваа обука беа Марко Панковски од Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) – Скопје и Неритан Сејамини од Универзитетот на Тирана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија 3.500 новозаразени и 19 починати од ковид-19

Следно

Младиот Марко успеа во подвигот – исплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian