Алармантни корона-бројки во Албанија, отворена уште една ковид-болница

1 min read

Постојаниот раст на новозаразени, главно со делта сојот, ги принуди здравствените власти во Албанија да ја отворат болницата Ковид три.

Веста на својот профил на Фејсбук ја објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу, објавувајќи фотографија од здравствена екипа во оваа болница.

– Поради новиот бран, со алармантни бројки на заразени и следствено зголемениот прилив на пациенти во Инфективната клиника, Министерството за здравство го активираше планот за справување со ситуацијата, со отворање на болницата Ковид три. Денеска во функција е ставен првиот павилјон со капацитет од 40 легла. Капацитетот на болницата е 150 легла, напиша Манастирлиу.

Таа додаде дека Министерството ќе ја стави на располагање и болницата Ковид четири, во случај на потреба, а ќе се активира сценариото и за регионалните болници.

– Во изминатото деноноќие, опасниот вирус е потврден кај 984 лица или 100 повеќе од вчера, што е над 16 отсто од тестираните. Како последица од заразата починале четири лица. Активни на болеста се 11.628, хоспитализирани се 106, од нив 19 во многу тешка состојба, информираше Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до граѓаните за што поитно да се вакцинираат, за да го заштитат сопственото и здравјето на другите и ги замолуваат веднаш да се јават на лекар доколку почувствуваат симптоми карактеристични за коронавируот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Притворениот дипломат Миленкоски го спасувал братот на поранешниот претседател на Ерменија

Следно

ВИДЕО: Митровиќ двоен стрелец, Србите го делат врвот со Португалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian