Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

во категорија Култура од

Вечерва со почеток од 18:30 часот во концертната сала на Музејот „Борис Христов“ во Софија ќе се одржи концертот на Александра Коцевска (мецосопран) и Глигор Гелебешев (пијано). Во програмата на концертот се предвидени музички композиции од Ф. Шопен, С. Стојков, С. Рахмањинов, П.И. Чајковски.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Александра Коцевска­ своето музичко образование почнува да го изучува во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј”- Скопје, во класата по соло-пеење на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а дипломира на ФМУ- Скопје во класата на проф. Благојче Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло-пеење во Македонија и во странство, каде што е наградувана со високи награди. По дипломирањето се вработува во ДМУЦ „Сергеј Михајлов”-Штип, каде што може да се каже дека е основоположник на класата по соло-пеење. Во 2002 год. магистрира во класата на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска, додека во 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”- Скопје. Како наставник по соло-пеење бележи големи успеси со своите ученици на бројни натпревари. Како истакнат педагог e често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година добива награда за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија од Здружението на музички и балетски педагози на Република Македонија. Од 2015 година се враќа на концертните подиуми.

Глигор Гелебешев својата уметничка наобразба ја почнува во својот роден град Гевгелија во класата на проф. Љ.Улишева. Средно музичко училиште учи во класата на проф. К.Костова и Т.Светиев, а студира на Академијата на уметности во Нови Сад (Србија) во класата на проф. Јокут Михајловиќ. По магистрирањето на ФМУ во Скопје (1997 година) ја започнува својата карирера како солист и камерен музичар. како солист има настапувано на голем број концерти во земјава и странство, концерти со Македонска филхармонија и со камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Г.Гелебешев реализирал и повеќе трајни снимки за Македонската радио-телевизија. Од 2001 година со својата сопруга Катерина Гелебешева-Костадиновска формираат пијано дуо Гелебешеви, кое со голем успех настапува на најзначајните фестивали во земјата (Охридско лето, Хераклејски вечери, Интерфест – Битола, ДММ, Златна лира …), но и на бројни настапи во странство (Франција, Полска, Романија, Србија, Бугарија, Холандија, Турција, Италија …). За високите уметнички дострели дуото ја добива наградата „Златна лира“- 2012, која ја доделува Сојузот на музичките уметници на Македонија.

Извор: https://makfax.com.mk/