Сашо Самарџиоски отповикан од Одборот на директори на Витаминка

во категорија Eкономија од

Сашко Самарџиоски, досегашен
директор на прилепска „Витаминка“ е отповикан од функцијата. Одлуката за
отповикување на членовите од Одборот на директори веќе е објавена на Македонска
берза.

Освен Самарџиоски од
Одборот се отповикани и Симон Наумовски кој беше претседател на Одборот, Сашо
Наумовски, Благоја Ѓорѓијовски и Ѓорѓи Манчевски.

Сепак дел од нив
повторно се предложени за избор. Во новиот Одбор на директори ќе членуваат Симон
Наумоски, Сашо Наумоски, Благоја Ѓорѓијовски, Горан Рафајловски  и Марјан Бојаџиев. За независни членови се
предложени Рафајловски и Бојаџиев.

Извор: https://faktor.mk/