Кафу го обелодени новиот клуб на одличниот Алисон (Видео)

во категорија Спорт од

alison

Бразиелцот, Алисон Бекер бранеше во извонредна форма во оваа сезона, а со тоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, односно му направи сериозен проблем на калчолигашот Рома.

Клубот од Рим во повеќе наврати соошто дека нема намера да се откаже од Алисон, меѓутоа кога се во прашање трансферите и сумите кои се  вртат во денешниот фудбал тогаш е сосема јасно дека сите опции се отворени. Интересен став на тема Алисон имаше неговиот сонародник, легендарниот Кафу кој верува дека тој ќе заврши во Реал Мадрид.

-Да, според мене Алисон ќе заврши во Реал Мадрид. Од Рома во Реал Мадрид, -истакна Кафу.

Извор:https://derbi.mk/