Голден Стејт ослабен ќе го започне големото финале, Лав „виси“ кај Кливленд

во категорија Спорт од

igudala

Во петок наутро (03:00 часот) започнува големото финале во НБА лигата во кое ќе се соочат старите добри ривали Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс.

Ова е дуел на два тима кои играат во завршницата во претходните три сезони (две титули на Голден Стејт, една на Кливленд), односно оваа е четврта и во наредниов период останува да видиме кој ќе излезе како победник од битката.

Меѓутоа стартот на серијата носи проблеми за „воините“ и за „коњаниците“, па така за бранителот на трофејот во првиот меч дефинитивно нема да настапи Андре Игудала, човекот кој во 2015 година ја доби наградата МВП на финалето.

Имено Игудала се уште има проблеми со повредата на ногата и ќе го скокне мечот број еден во „Оракл Арена“ како што и ги пропушти завршните четири средби против Хјустон во финалето на Западот.

Од друга страна пак Кливленд се уште не знае дали ќе може да смета на Кевен Лав. Центарот поради потрес на мозокот го пропушти седмиот натпревар од источното финале против Бостон, односно се уште е во протоколот и неговиот настап виси во воздух.

Нити тренерот Тајрон Лу не знаеше да одговори дали Лав ќе го има на располагање, па останува да видиме каква ќе биде финалната одлука.

Извор:https://derbi.mk/