Талјавенто ја издвои својата најголема грешка во кариерата: Денеска тоа ќе беше решено за десет секунди (Видео)

во категорија Спорт од

taljavento-saat

Италијанскиот судија Паоло Талјавенто по 15 активни години делење правда на највисок ранг одлучи да стави крај на својата кариера, па сега откако може да гледа на сите работи далеку помирно од деновите кога беше активен, одлучи да направи една ретроспектива на тоа што го доживеа во изминатава деценија и пол.

Талјавенто во последните години постојано котираше многу високо на листата на италијански судии и доста често ја иамше одговорноста да суди дерби натпревари во Серија А, но токму од еден голем натпревар доаѓа и неговиот најлош спомен во кариерата.

Новопензионираниот Талјавенто и неговите помошници направија кардинална грешка во 2012 година кога не му признаа чист гол на Мунтари во дерби пресметката со Јувентус, момент кој дефинитивно ќе го прогонува судијата до крајот на неговиот живот бидејќи во тој момент стана голем непријател меѓу фановите на Милан.

– Голот на Мунтари очигледно е мојата најголема и најевидентна грешка во кариерата. Жалам за тоа, бидејќи денеска сето тоа со ВАР ќе беше решено за десетина секунди, – вели Талјавенто.

Извор:https://derbi.mk/