Селекторот го кажал своето: Дешамп му дал совет на Гризман за неговата иднина

во категорија Спорт од

grizman

Антоан Гризман остави зад себе уште една добра сезона со Атлетико Мадрид, но допрва треба да донесе официјална одлука за неговата иднина, односно дали и понатаму ќе му остане верен на шпанскиот вицешампион или ќе се пресели во нова средина.

Има различни информации на оваа тема, дел од нив говорат дека Гризман останува на „Ванда Метрополитано“, други пак тврдат дека се има договорено со Барселона, но вистината по се изгледа е дека тешко му е да пресечи, се двоуми, а за тоа говори веста која ја пренесе француската радио станица „РМЦ“.

Според нив Гризман побарал совет од селекторот Дидие Дешамп кој пак наводно му порачал да остане во Атлетико затоа што во Барселона ќе биде во сенка на останатите како на пример на Лионел Меси.

Дали ова ќе му помогне на Антоан да „пресече“ останува да видиме, но одлуката ќе биде донесена пред почетокот на СП.

Извор:https://derbi.mk/