Претставници на ЕУ и САД на состанок пред одлуката на Трамп за таксите

во категорија Свет од

Високи претставници на ЕУ денеска се сретнаа со американскиот министер за трговија Вилбур Рос, два дена по одлуката на претседателот Доналд Трамп за евентуално воведување на увозни такси за земјите на Европската Унија. Потенцијалните такси на увоз на европски челик и можното ограничување на бројот на странски возила во САД, го зголемија страхувањето од светска трговска војна и негативно влијаеја на инвеститорите.

Претставниците на ЕУ, Франција и Германија денеска се сретнаа во Париз со Рос и со американскиот трговски претставник Рoберт Лајтхајзер, а до петок се очекува конечна одлука за новите такси за увоз на челик и алуминиум со кој Трамп се закани. Американската администрација ги разгледува и можните ограничувања за возилата од странство, правдајќи се дека на тој начин води грижа за националната безбедност на САД.

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/