Официјален сајт на национална лига предвреме го откри новиот клуб на Торес (Фото)

во категорија Спорт од

tores-papi

Фернандо Торес на крајот од сезоната се збогуваш од матичниот и сакан Атлетико Мадрид со цел да испроба уште една нова авантура во својата фудбалска кариера, а иако се споменуваат повеќе клубови како негова можна дестинација, ова утро ни пристигна една интересна вест од Јапонија, која во продолжени беше брзо неутрализирана.

Официјалниот сајт на Јапонската фудбалска лига пренесе дека Фернандо Торес има склучено договор со Саган Тосу, тим кој се натпреварува во највисокиот ранг во националните лиги во оваа земја, но потоа брзо информацијата беше повлечена бидејќи клубот најверојатно се уште ги нема довршено сите детали за промоција на шпанската ѕвезда.

Како и да е, ваквата објава секакко беше сериозна најава дека Торес е премногу блиску до продолжување на својата кариера во Јапонија, дестинација која само пред извесно време за идеална ја избра легендарниот Андрес Иниеста кој ја замени Барселона со Висел Кобе.

Извор:https://derbi.mk/