Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

во категорија Македонија од
Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе уште една кривична пријава против В.С. (51)  од село Едерниково и против Г.Ц. (55) од село Доброшинци, поради постоење основано сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, а второпријавениот кривично дело „Потикнување“ и „Поднесување лажни докази“.

Како што информираше на денешната прес-конференција Тони Божиков, самостоен инспектор во СВР Струмица, првопријавениот во својство на градоначалник ја искористил својата службена положба и со пречекорување на овластувањето, постапувајќи спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, му овозможил на второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист.

– Во  месец март 2016 година му издал решение за утврдување на правен статус на бесправен деловен објект изграден по 2011 година, по стапување на сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 24 февруари 2011 година, рече Божиков.

Тој додаде дека второпријавениот, кој е вработен во општина Василево како државен службеник, во 2015 година поднел барање за утврдување на правен статус на бесправен објект-деловен простор за изграден објект на земјиште во катастарска општина Доброшинци,  сопственост на Република Македонија, доставил лажни докази врз основа на што се стекнал со противправна имотна корист.

Извор: https://nezavisen.mk/mk/