Нападот во Лиеж се третира како тероризам

во категорија Свет од

Белгиски сојузен обвините изјави дека нападот во Лиеж, во кој имаше три жртви, се смета за “терористичко убиство”, а истрагата сега се фокусира на тоа дали напаѓачот дејствувал сам, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Обвинителот Венке Роген рекол дека напаѓачот извикувал “Алаху акбар”, арапската фраза за Господ е голем, и тоа „неколку пати за време на стрелањето, пред да биде убиен од полицијата“.

Роген додаде дека „нападот се третира како тероризам со оглед на начинот на кој дејствувал Херман“, пренесе АП.

Напаѓачот, кој беше идентификуван како Бенџамин Херман, уби две полицајки и еден случаен минувач, пред да биде убиен во престрелка со полицијата.

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/