Морати: Ако Икарди заминува, тогаш не би ја отфрлил понудата на Јувентус

во категорија Спорт од

morati

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, денеска ги коментирал шпекулациите поврзани со евентуалната размена на аргентински напаѓачи Интер-Јувентус.

Медиумите во Италија излегоа со шпекулација дека Јувентус му понудил на Интер размена на Гонзало Игуаин и Мауро Икарди, а притоа Интер би добил и дополнителни 50 милиони евра. Според Морати, ова е подобра понуда отколку некој друг клуб да ја активира откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра.

– Би било штета да останеме без Икарди, иако и Игуаин е одличен и искусен фудбалер кој се покажа како одлучувачки и за Наполи и за Јувентус. Има и разлика во нивната возраст која не треба да се заборави, но сепак не е понуда која треба да се заборави.

– Побрзо би ја прифатил понудата на Јувентус отколку да го загубиме поради откупната клаузула, – потенцирал Морати.

Извор:https://derbi.mk/