Која од фирмите „ќерки“ на „Реплек“ ги прави големите пари?

во категорија Eкономија од

Фабриката за лекови и хемиски производи го држи клучот и на „Реплек“ лани му донела над 90 отсто од профитот на групацијата.

Ова го покажуваат официјалните податоци според кои „Реплек фарм“ дефинитивно е најважаната фирма-ќерка во таа групација.

Минатата година, „Реплек Фарм“ обезбедил приходи од 782,8 милиони денари и добивка од 119,2 милиони денари на „Реплек“ што може слободно да се каже дека таа е клучот на успехот за „Реплек“.

„Реплек фарм“ лани успеала за прв пат да извезе канабис за медицинска употреба за германски партнер и да обнови сертификати за пазарот на Руската федерација и на пазарите на Европската унија.

Што е „Реплек фарм“?

Фабрика за лекови и хемиски производи, сертифицирана од Министерството за здравство за производство на лекови наменети за перорална и локална употреба во цврсти, полуцврсти и течни дозажни форми. Производниот процес е сертифициран со европски и национален GMP сертификат. Реплек Фарм лани  успешно ја поминал инл6спекцијата и се здобил со сертификат за може да продолжи да пласира производи медицинска опрема и лекови на на територијата на Руската федерација. Воедно „Реплек фарм“ лани го обновил својот европски ГМП сертификат, а воедно се стекнал и со обновен ДПП сертификат кој посебно вклучува микробиолошко тестирање во контрола на лекови. 

Дополнително, лани, оваа фирма ќерка продолжила интензивно да работи на проектот за произвдоство на канабис за медицински потреби и при тоа со германски партнер го реализирале и првиот извоз под бренд на германски партнер. Во извештајот пишува и дека значајно ја подобриле и соработката со српски партнери во доменот на услужно производство на лекови.   

Просечна месечна бруто плата на член на Управниот одбор е 4.300 евра

Официјалните податоци од годишниот извештај за лани на „Реплек“ покажуваат дека по основ на редовна плата без дополнителни надоместоци на членовите на управниот одбор на „Реплек“ се исплатени 16 милиони денари. Управниот одбор на компанијата брои 5 члена.Претседател е Иван Туџаров, заменик претседател е Душан Туџаров, а членови се Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.

„Реплек“ во инвеститорската заедница важи за компанија која редовно исплаќа солидни износи на дивиденда .

Извор: https://faktor.mk/