Иниеста за најтешкиот момент во Барселона: Паднав во депресија, не уживав во животот…

во категорија Спорт од

andres-navednat

Андрес Иниеста во својата автобиографија опширно говори за тоа дека смртта на неговиот добар пријател Дани Жарке исклучително многу го повредила и доживеал вистински колапс на приватен и професионален план, а сега првпат јавно проговори на оваа тема и во обраќање во живо.

Во последното гостување во шпанската емисија „Ел Ормигеро“ на телевизијата „Антена 3“ Иниеста отворено проговори за ненадејната смрт на капитенот на Еспањол, откривајќи дека тоа било најтешката година во неговиот живот и неговата етапа во Барселона.

Сите добро знаеме дека Иниеста голот во финалето на Светското првенство му го посвети токму на Жарке, момент при кој ерупитраа сите чувани емоции на феноменалниот играч на Барселона.

– Чувствував дека јас повеќе не сум јас, едноставно не уживав во работите, не уживав во животот. Личностите кои ме опкружуваа и ми беа најблиски ми станаа само обични личности. Немав никакви чувства и никаква страст. Бев комплетно празен и во еден момент почувствував дека веќе не можам така. Имав среќа што имав поддршка од блиските во секое време и излегова од таа незгодна ситуација. Бев многу депресивен, одев на кино со мојата сопруга и уште пред стартот на филмот излегував од салата зошто немав никако трпение, – се потсетува Иниеста за најтешкиот период во својот живот, оној од крајот на 2009 па се до Светското првенство во 2010 година.

Извор:https://derbi.mk/