Дуа Липа ги негираше гласините дека ноќта ја поминала со фудбалер на Реал Мадрид (Фото)

во категорија Спорт од

Dua Lipa 1

Покрај голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој е еден од најозборуваните ликови овие денови, втората личност која беше најозборувана по завршувањето од финалето на Лигата на шампиони, е пејачката со потекло од нашиот северен сосед Косово, Дуа Липа.

Нејзиниот настап во тесен костим во кој и се отцртуваше се од нејзиното тело, успеа да изнуди воздишки кај публиката на стадионот и низ целиот свет.Но, по завршувањето на финалето, излегоа гласини во светските медиуми дека Липа ноќта не ја поминала сама, туку во друштво со фудбалер на Реал Мадрид, и тоа со Марко Асенсио.

Веднаш реагираше пејачката на социјалните мрежи со објаснување дека тоа никогаш не би го направила само поради една причина, а тоа е нејзиниот менаџер кој е фан на тимот на Ливерпул

– Јас уште го немам запознаено Марко Асенсио, и малку е невозможно дури и да се случи такво нешто бидејќи мојот менаџер навива за Ливерпул и не би ми простил такво нешто, – напиша светски познатата пејачка Липа.

Извор:https://derbi.mk/