Докторот на египетската репрезентација го утврдил статусот на Салах

во категорија Спорт од

salah1

Мохамед Салах заработи незгодна повреда во финалето на Лигата на шампионите, а не само што не го доигра натпреварот во Киев, туку поради истата во прашање беше доведен и неговиот настап на СП во Русија.

По многу шпекулации, денеска медиумите ги брифираше и египетската федерација која добила информација од прва рака и тоа од предводникот на лекарскиот тим на националниот тим. Според таа информација, Салах дефинитивно мора да паузира три недели што значи дека сепак ќе може да настапи на еден дел од мундијалот.

– По денешната средба во Шпанија на нашиот доктор со Салах, можеме да потврдиме дека неговата пауза нема да надмине три недели, – стои во краткото соопштение на Египетската федерација.

Египет го започнува настапот на СП против Уругвај на 15. јуни, потоа следува дуелот против Русија на 19. јуни и последниот натпревар во група против Саудиска Арабија, на 25. јуни.

Извор:https://derbi.mk/