Владата ја објави публикацијата „365 промени“, кои мерки се наведени?

во категорија Eкономија од

По повод 365 дена или една година од мандатот, на веб страница на Владата е објавена публикацијата „365 промени за подобар живот на сите граѓани“ во која се наведени клучните мерки и промени реализирани од јуни 2017 до мај 2018 година.

Во неа се опфатени економски мерки, одлуки кои се однесуваат на заштита на културното наследство, идентитет и јазик, активности за еднакво мултиетничко општетсво, грантови доделени од Европската унија и меѓународната заедница, извештајот на Европската комисија за Македонија.

Во однос на економските мерки се вели дека покачена е минималната плата на 12.000 денари со што 90.000 граѓани добија повисоки плати.

Во неа се додава дека во буџетот се обезбедило средства за повисоки плати во Армијата за 10 отсто, здравство, образование и детска грижа за 5 отсто.

Во однос на отчетноста на трошењето, се наведува дека трезорот е отворен за јавноста – граѓаните да гледаат како се троши секој денар, а скратени се директните трошења на носителите на власта.

Во публикацијата исто така се опфатени и средствата кои се наменети за инфраструктурни проекти со пари обезбедени од буџетот, но и од фондови од ЕУ.

За политичките постигнувања се споменува извештајот на Европската комисија.

Во врска со градењето на мутиетничко општество еднакво за сите, во публикацијата се вели дека со политиката „Едно општество“ намалени се поделбите и зголемена е довербата меѓу заедниците.

Извор: https://faktor.mk/