Без Роналдињо и Нејмар: Кафу го состави најдобриот бразилски тим на сите времиња (Фото)

во категорија Спорт од

kafu-sp

Бразил повторно располага со одлична генерација на фудбалери и поради тоа важи за еден од главните фаворити за осојување на титулата на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Русија, натпреварување кое буди убави спомени кај сите фудбалски легенди кои ги гледавме во изминативе години.

Еден од нив дефинитивно е Кафу кој своевремено важеше за најдобар десен бек во светот, а бидејќи беше капитен на златната селекција од 2002 година која го подигна шампионскиот трофеј на СП, во интервјуто за „Гардијан“ сега доби за задача да го избере најдобриот бразилски тим на сите времиња.

Мора да се напомене дека Кафу имаше исклучително тешка задача, но на крајот се одлучи за следните 11, тим во кој ги нема Роналдињо и актуелната прва ѕвезда Нејмар.

Голман: Тафарел (светски шампион во 1994 и вицешампион во 1998 година)

Одбрана: Карлос Алберто (светски шампион во 1970 година и капитен на Бразил), Лусио (светски шампион во 2002 година), Алдаир (светски шампион во 1994 и вицешампион во 1998 година) и Роберто Карлос (вицешампион во 1998 година и светски шампион во 2002 година)

Среден ред: Фалкао (легендарен играч за врска од 80-тите години), Ривелињо (светски шампион од 1970 година) и Зико (главната ѕвезда на Бразил од 80-тите).

Напад: Ривалдо (светски шампион во 2002 и вицешампион во 1998 година), Пеле (светски шампион од 58, 62 и 70 година) и Роналдо (светски шампион од 1994 и 2002 година и вицешампион од 1998 година)

 

kafu-tim

Извор:https://derbi.mk/