Агентот на напаѓачот ги шокираше Баварците: На Левандовски му е потребен нов предизвик

во категорија Спорт од

levandovski

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги информирал челните лица на клубот дека има намера да си замине ова лето.

Ова го потврди и неговиот агент, Пини Захави кој во изјава за „Спорт Билд“ потенцираше дека на Левандовски му е потребен нов предизвик.

-Роберт чувствува дека му треба промена и нов предизвик во неговата кариера. Луѓето во Баерн го знаат тоа- кратко изјави супер агентот, Пини Захави.

Полскиот интернационалец се пресели во Баерн Минхен во 2014 година и од тогаш има постигнато 151 погодок на 195 натпревари во дресот на Баварците. Интерес за Левандовски постои од Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ и Реал Мадрид кој се смета за најголем фаворит за неговите услуги.

Извор:https://derbi.mk/