Хамшик даде знак за неговата иднина во Наполи

во категорија Спорт од

hamsik

Искусниот словачки интернаеционалец, Марек Хамшик повеќе од една деценија е дел од составот на Наполи, тим во кој е вистински лидер и заслужено ја носи капитенската лента.

Меѓутоа по сите овие години тој за прв пат призна дека размислува за заминување од „Сан Паоло“ што секако беше големо разочарување за сите навивачи на Наполи. Ама во меѓувреме Карло Анчелоти беше именуван за нов тренер. па ситуацијата најверојатно е променета и тоа може да се забележи од изјавата на Хамшик кој за медиумите во својата земја порача:

-Нема ништо ново во последните денови, не знам ништо за мојата иднина. Се уште сум играч на Наполи, имам договор за уште три години. Анчелоти? Разговараме по телефон и ќе биде голема чест да играм за тренер како него. Претседателот Де Лаурентис донесе некој кој има толку многу освоено и тоа ме прави среќен. Кога личноста е навикната да победува, тогаш носи победнички менталитет со него, -порача Марек.

Извор:https://derbi.mk/