Филмско убиство на улица во Белград

во категорија Регион од

Едно лице го загуби животот во престрелка што доцна синоќа се случи во Белград. Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за Драгослав Милорадовиќ, кумот на Лука Бојовиќ, предводник на земунскиот клан. Убиството се случило во населбата Карабурма, пред сервисот за перење коли, сопственост на жртвата.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека две непознати лица испукале повеќе куршуми во телото на Милорадовиќ, од што тој починал на самото место.

Околу мотивите на убиството српските медиуми засега само нагаѓаат. Според неофицијални информации, постои можност да станало збор за пресметка околу местото наследник на бизнисите на Бојовиќ во Србија, но не се исклучува и можноста дека убиството било мотивирано заради крвна осветана линија Бојовиќ – Сарановиќ, што трае неколку години. Српски „Блиц“ потсеќа дека во конфликтите меѓу двете семејства убиени се повеќе луѓе, меѓу кои и братот на Лука, Никола, како и двајцата браќа од семејството Сарановиќ, Бранислав и Слободан.

Извор: http://www.alsat-m.tv