Тачи во Виена бара поддршка за европската перспектива на Косово

во категорија Регион од

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, допатува во Виена каде ќе се состане со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, од кого ќе побара поддршка за европската перспектива на Косово.

Како што соопштуваат од кабинетот на косовскиот претседател, Тачи и Курц ќе разговараат за можностите за развој на политичка, економска и културна соработка.

“Претседателот Тачи, исто така, ќе побара поддршка од австрискиот канцелар за динамизација на европската перспектива на Косово, со оглед на тоа што Австрија ќе го преземе следното претседавање со ЕУ”, пишува во соопштението.

Курц и Тачи ќе разговараат и за последната фаза од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

 

 

Извор: http://www.alsat-m.tv