Рускиот милијардер Абрамович доби израелско дравјанство

во категорија Свет од

Претставник на израелското Министерство за имиграција изјави дека рускиот милијардер Роман Абрамович добил израелско државјанство откако не му била продолжена британската виза. Според наводите, сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ во понеделникот дошол во Израел кој автоматски им дава државјанство на сите кои имаат еврејско потекло. Според други наводи, Абрамович тоа го сторил во израелската амбасада во Москва. Британија претходно соопшти дека ќе ги преиспита долгорочните визи на богатите Руси по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/