Реал на врвот на новата ранг листа, Вардар најдобар македонски претставник

во категорија Спорт од

Vardar-radost

Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска ја објавија најновата клупска ранг листа во која се сместени и девет наши клубови.

Сега веќе поранешниот шампион на Македонија и учесник во групната фаза од Лига Европа минатата сезона, Вардар, е најдобро рангираниот македонски тим. „Црвено црните“ се наоѓаат на 201 позиција на УЕФА ранг листата со вкупно 5.000 поени.

Новиот шампион на Македонија, Шкендија се наоѓа на 278 место (3.500 поени), додека пак Работнички е 292 со 3.250 поени. На листата ги има уште и Пелистер (364 позиција), Силекс (365),  Ренова (366), Металург (367),  Турново (369) и Тетекс (370).

Најдобар клуб на новата УЕФА ранг листа е актуелниот европски првак Реал, на втората позиција е Атлетико Мадрид, трет е Баерн Минхен, а првата петорка ја комплетираат Барселона и Јувентус.

Извор:https://derbi.mk/