Реакцијата на Салах: Дали Рамос намерно те повреди во финалето на ЛШ? (Видео)

во категорија Спорт од


Брзоногиот египетски напаѓач, Мохамед Салах немаше посакуван крај на извонредната сезона за него, односно неговиот Ливерпул доживеа пораз од 3-1 од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, средба која тој предвреме мораше да ја заврши поради повреда по еден дуел со Серхио Рамос.

Поради ова имаше многу негативни коментари на адреса на Рамос, а и обвинувања дека намерно тоа го направил. Токму поради оваа повреда виси и настапот на Салах на Светското првенство во Русија, поточно ќе биде во трка со времето за настап на мундијалот.

На ова прашање, како и на тоа дали Рамос намерно го повредил, дали тој наредната сезона ќе биде дел од Реал Мадрид „одговори“ даде самиот Салах при неговото доаѓање во Валенсија каде ќе го почне процесот на рехабилитација.

Извор:https://derbi.mk/