Раул експресно го скрати списокот за бараж дуелите со Романија и прецрта осум ракометари

во категорија Спорт од

raul sobir januari 2018

Раул Гонзалес само еден ден по двата порази на фајнал-фор турнирот во Келн мораше да го состави поширокиот список за бараж дуелите кои ја чекаат Македонија со селекцијата на Романија, но исто така, на шпанскиот стручња му требаа само 24 часа за дополнително да ги расчисти дилемите околу тоа со кои играчи ќе ги започне подготовките.

Од вчерашните 28, Раул денеска прецрта осум ракометари, па така ги одреди играчите кои во наредниот период ќе треба да се воиграат пред натпреварите кои се закажани на 10-ти и 13-ти јуни. Од вчерашниот список отпаднаа голманот Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски, Костадин Петров и Димитар Димитриоски, па сега стана јасно дека на првиот собир кој е закажан за 4-ти јуни треба да се појават следните ракометари:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски

Само за потсетување, првиот меч го играме на домашен терен во „Борис Трајковски“, а реванш дуелот се игра во Романија.

Извор:https://derbi.mk/