Проверено име пристигнува на „Олимпико“: Лацио ја пронајде замената за Де Врај

во категорија Спорт од

lazio

Калчолигашот Лацио со завршувањето на оваа сезона остана и без услугите на одличниот дефанзивец Стефан Де Врај кој одлучи да ја одбие понудата за продолжување на соработката и да се пресели во таборот на Интер.

Ова значеше дека лацијалите ќе мора да ја покријат „дупката“, а веќе е идентификувано името на играчот кој ќе има задача да ја заврши таа задача и да го наследи Холанѓенецот. Според сознанијата на „Газета Дело Спорт“ станува збор за 29-годишниот Холгер Бадштубер кој е слободен агент летово по истекувањето на договорот со Штутгарт.

Лацио сака ова да го искористи и да го доведе на „Олимпико“ некогашниот член на Баерн Минхен кој поради големите проблеми со повредите не успеа да направи позначајна кариера. Меѓутоа минатава кампања беше добра за него, одигра 28 средби за Штутгарт и постигна два голови што за клубот од Рим е доволен сиглан дека Германецот е подготвен, односно дека повредите се зад него.

Извор:https://derbi.mk/