Мите Макоил смирува: За две недели горивата ќе поевтинат

во категорија Eкономија од

Мите Јовановски, сопственик на бензинските пумпи „Макоил“ во изјава за МРТ, истакна дека потрошувачите не треба да се вознемируваат по бранот поскапувања на дериватите, затоа што за две недели се очекува поевтинување.

Трговцот со нафтени деривати објаснува дека растот на цената е резултат на континуираното зголемување на светските берзи и на еднократното зголемување на акцизата. .

„Од вчера на берзата падна брент нафтата за 5- 6 долари, ако продолжи вака или ако остане на оваа цена, следните 14 дена горивото ќе падне од 2 до 3 денари. Секаде растат цените, во сите соседни држави, не е само кај нас“, изјави Мите Јовановски.

Владата останува на ставот дека дизелот во земјава е меѓу најевтините во регионот. Според вицепремиерот Анѓушев, парите од акцизата се употребуваат за корисни работи за граѓаните.

Извор: https://faktor.mk/