Марфи: Рамос не е ММА експерт, тој не сакаше да го повреди Салах…

во категорија Спорт од

mo-salah-sergio-ramos

Финалниот меч од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид заврши со победа на шпанскиот великан со 3-1, но кој знае како ќе се одвиваше средбата во Киев ако истата целосно ја одиграше Мохамед Салах.

Најдобриот играч на „црвените“ во солзи го напушти теренот во првиот дел поради повреда со која се здоби при еден дуел со Серхио Рамос. Многумина сметаа дека потегот на Рамос дека не бил случаен и намерно го повредил Салах, меѓутоа со овие теории воопшто не се согласува некогашниот ас на „црвените“ Дени Марфи кој за британски „токспорт“ порача:

-Во светот нема начин на кој експерт за мешани боречки вештини би знаел дека со падот на одреден начин би го направил ова на твоето рамо. Мислам, многупати низ мојата кариера раката ми била зарабена, тие се поврзуваат и се задржуваат од вас затоа што се извлекувате од нив или обратно. Видете, Рамос е е умен човек и тој е прекрасен фудбалер, можете тоа да го кажете по се што има освоено. Но, тој е циничен, ама е она што го сакате од централен дефанзивец во многу аспекти, -порача Марфи.

Извор:https://derbi.mk/