Маркез проговори за тајната на Муџело: Возачите доаѓаат ненаспани на трката (Видео)

во категорија Спорт од

markez-italy

Овој викенд на програмата е трката за Големата награда на Италија во Мото ГП шампионатот, шеста во актуелната сезона во која мора да се напомене дека најдобро влезе актуелниот првак, Марк Маркез.

По второто место во Катар и лудилото кое го направи во Аргентина, Маркез нареди три последователни победи во Америка, Херез и Ле Ман, па иако Муџело не важи за патека која и одговара на Хонда, формата на Марк ветува дека ќе се бори за највисок пласман и оваа недела. Од највисок пласман не се оптишува и Дани Педроса кој полека влегува во ритам по незгодната повреда, а токму двајцат возачи на Хонда дадоа една убава најава за трката на автодромот Муџело кој важи за еден од најубавите, најбрзите, најспецифичните и најтешките во шампионатот.

Во следното видео, Маркез и Педроса се обидуваат да ги издвојат најубавите делови од патеката, но исто така и двајцата заклучуваат дека трката во Муџело се разликува од останатите и по тоа што возачите доаѓаат ненаспани на трката.

Возачите на Хонда велат дека Италијанците имаат традиција да бидат многу бучни до раните утрински часови, а Маркез сликовито објаснува дека бучавата е се поголема од 2, 4, па се до 6 часот наутро….

Извор:https://derbi.mk/