„Лордот“ Бендтнер се повреди, фановите бараат одлагање на мундијалот

во категорија Спорт од

bendtner

Никлас Бендтнер е еден од поважните фудбалери на данската репрезентација, па повредата заработена пред СП во Русија ги загрижи фановите и истовремено ја разбуди креативноста кај дел од нив.

Малерот на членот на Розенборг натера дел од данските фанови да започнат петиција со која бараат одлагање на почетокот на мундијалот, се додека Бендтнер не заздрави, пренесуваат скандинавските медиуми.

Досега петицијата ја потпишале над 6.000 фудбалски фанови, што уште еднаш ја потврди важноста на „Лордот“ за данските фанови, a сите кои сакаат да иницираат одложување на мундијалот поради оваа причина, можат да го направат тоа тука. Инаку, на СП, Данска е во група со Франција, Перу и Австралија.

Извор:https://derbi.mk/