Линкевичиус: беше глупава идеја Светскиот фудбалски клуб да биде во Русија

во категорија Свет од

Шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус во интервју за Радио Слободна Европа оцени дека била „глупава идеја“ Светскиот фудбалски куп да се одржи во Русија. „Тоа навистина не е добро, бидејќи се во таа земја е политика, дури и спортот, културата. Правејќи ги нив да бидат центар на вниманието е секогаш добро за пропаганда“, изјави тој во врска со Светското фудбалско првенство кое почнува на 14 јуни. Се дознава дека меѓу членките на ЕУ имало разговори за координиран дипломатски бојкот поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија. Линкевичиус сепак не верува дека ќе дојде до такво нешто.

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/