„Кралевите“ во акција: Реал подготви 100 милиони евра за две дефанзивни засилувања

во категорија Спорт од

Gimenez

Шпанскиот прволигаш, Реал Мадрид со нова титула во Лигата на шампионите ја заврши оваа сезона, меѓутоа овој успех нема да ги предомисли „кралевите“ да се впуштат во активно лето на трансфер пазарот, нешто што во последниве години изостана кога е во прашање овој клуб.

Тимот од шпанската престолнина сака да ја освежи одбранбената линија и за таа цел е подготвен да потрошти 100 милиони евра. Станува збор за двајца играчи кои доаѓаат од Примера, Хосе Марија Хименез од Атлетико Мадрид и Алваро Одриозола од Реал Сосиедад, играчи за кои Реал е подготвен да ја активира откупната клаузула.

За првиот истата изнесува 60 милиони евра, додека за вториот е40 милиони евра, суми кои се прифатливи за Реал. Хименез игра на стоперската позицијата, а пак Одриозола е офанзивен десен бек кој се најде на списокот на Шпанија за СП во Русија.

Извор:https://derbi.mk/