Коѕијас: Решавањето на името е од национален интерес на Грција

во категорија Регион од

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, по средбата со неговиот германски колега, Хајко Мас, во Берлин, рече дека постигнувањето договор околу името со Македонија е прашање од национален интерес на Грција, пренесува „катимерини.“

„Договорот е постигнат не заради тоа што земјата сака да влезе во ЕУ и во НАТО, што ние секако го поддржуваме, туку заради тоа што тоа е наш национален интерес“, изјави Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Германија, пак, рече дека иако неговата земја не е директно вклучена околу решавање на спорот, Германија би била задоволна двете земји да успеат да најдат решение на долгогодишниот проблем. Тој додаде дека неговата влада е заинтересирана за стабилноста на Западен Балкан и изрази верување дека е важно да се даде поттик за процесот на реформи, кој, како што рече, мора да биде одржлив и во пракса, пренесе грчката агенција АНА-МПА.

За време на прес-конференцијата Коѕијас не откри дополнителни детали околу рамката за решение на спорот, повторувајќи ги познатите податоци дека неговата задача, како и задачата на министерот Димитров е завршена и оти последната етапа во преговорите ќе ја имаат премиерите на двете земји откако техничките и правните аспекти на договорот ќе бидат расчистени.

Извор: http://www.alsat-m.tv