И тоа го дочека: Навивач на Манчестер Јунајтед му посвети тетоважа на Кариус (Фото)

во категорија Спорт од

karius-place1

И по три дена од финалето во Лигата на шампионите не стивнуваат коментарите и објавите во врска со голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.

24 годишниот Германец беше директен виновник за два од трите погодоци на Реал Мадрид, а покрај објавите со поддршка, има и такви кои му се заканувале по живот.

Денес, има и нов момент во целата оваа ситуација со Лорис Кариус. Имено, еден фан на Манчестер Јунајтед  отишол дотаму и му посветил тетоважа на чуварот на мрежата. Англичанецот на својата рака истетовирал „Кариус е легенда“ и го напишал датумот од финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Киев.

kariustat

 

Извор:https://derbi.mk/