Зошто нема зима за „Прилепска пиварница“?

во категорија Eкономија од

Македонците просечно дневно пијат пиво и сокови од „Прилепска пиварница“ за 54.000 евра, за првите три месеци годинава, а тоа е за 22 отсто повеќе од истиот период лани!

Македонците просечно дневно пијат пиво и сокови од „Прилепска пиварница“ за 54.000 евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех што ги објави таа компанија, најголемата домашно поседувана пиварница во Македонија. 

Официјаните податоци покажуваат дека македонските граѓани ја зголемиле конзумацијата на пивата и соковите на „Прилепска пиварница за 22 отсто во споредба со првите три месеци лани

Имено, за првите три месеци приходот од продажба на пиварницата е 306,7 милиони денари (околу 5 милиони евра) и е поголем за 21 отсто во однос на лани. Од тоа продажбата на домашниот пазар е 300,7 милиони денари, а пласманот во странство е 6 милиони денари. Домашната продажба бележи раст за 22 отсто, а извозот книжи раст за 1 отсто. Залихите на пиварницата се зголемени за 5 милиони денари во првите 90 дена, а оперативните приходи на пиварницата за првиот квартал годинава достигнаа 319,1 милиони денари и во однос на лани се поголеми за 19 отсто. Оперативните расходи во првиот квартал се 306,1 милиони денари и во споредба со истиот период лани се поголеми за 14 отсто.Оперативната добивка на пиварницата е 18 милиони денари за првиот квартал и во споредба со истиот период лани книжи раст за 59 отсто.

Охохо за финансиските приходи на „Прилепска пиварница“

„Прилепската пиварница“ има финансиски приходи во износ од 6,4 милиони денари за еден квартал односно над 100.000 евра. Оваа ставка многу благородно влијаела врз добивката на компанијата затоа што пиварницата речиси и нема финансиски расходи за првиот квартал поточно тие изнесуваат само 67.000 денари. За првиот квартал нето добивката на компанијата изнесува 24,7 милиони денари и во однос на истиот период лани книжи раст од 23 отсто.

Р.Ф.

Извор: https://faktor.mk/