ЕЗ се повлече од спорот со Македонија

во категорија Eкономија од

Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ги повлече поднесените барања за
спорови против Република Македонија, соопшти Кабинетот на заменик-премиерот за
економски прашања Кочо Анѓушев.

– По серија јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна
постапка, Собранието на 21-ви мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во
кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет. Со
новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се
снабдува со енергија, а воедно и се исполнуваат условите за отворање на пазарот на
електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на
услугите на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението.

Од Кабинетот на Анѓушев посочуваат дека преку креирање на новото законско решение
Владата недвосмислено покажа политичка волја и посветеност за спроведување на
реформите во енергетскиот сектор.

Потсетуваат дека овој суштински закон требаше да биде донесен најдоцна до 1 јануари
2015 година, а поради ненавременото исполнување на преземените обврски од
Европската Унија и нетранспонирање на Третиот енергетски пакет, Секретаријатот на
Енергетската заедница имаше покренато постапки за спорови кон Република Македонија:

Извор: https://faktor.mk/