(Вознемирувачко видео) Автобус удри во бензинска станица во Косово, двајца загинати

во категорија Регион од

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во близина на косовското село Лугаѓи кога автобус изгуби контрола и удри во бензинска станица.

Загинаа две лица, а трето се бори заживот.

До несреќата дошло кога автобусот, што сообраќал на релација Приштина – Урошевац, во обид да избегне директен судар со возило од спротивен правец, се занесол и удрил во возило што излегувало од бензинска пумпа крај патот.

Влетувањето на автобусот во бензинската станица го снимиле надзорните камери.

Извор: http://www.alsat-m.tv