Водно ќе го браниме со жив штит

во категорија Eкономија од

Не стивнуваат реакциите од  невладините организации против одлуката да се
гради трасата од магистралниот водовод. Татјана Чакулев од Коалицијата 02, за
Фактор вели дека дел од местата сеуште не се доволно развиени и се противат
трасата на гасоводот да поминува низ заштитеното подрачје на Водно бидејќи е
дом на ретки ендемични видови, а од друга страна се повикуваат на недоследности
во документацијата за градба, како и на постоењето .

“На потегот на  Водно
е предвидена 1 километри долга траса од магистралниот
гасовод, делница ПЕТ  Скопје-
Тетово-Гостивар. Повеќе од 4 километри поминуваат низ високо стеблеста шума што
во зависност од ширината на трасата од 25 до 10 метри, најтесната можна варијанта
значи сечење до десет хектари шума. При тоа ќе се уништат и дополнително дрвја
по пристапните патеки за да помине градежната механизација. На пример еден од
багерите кој стои на сртот до Водно од средина на март е широк три метри.
Карпестиот терен ќе се минира и со тоа ќе се уништи постоечкиот богат
биодиверзитет и ретките видови кои живеат на овие предели. На планираната траса
се наоѓаат живеалишта на ретки и значајни видови на печурки, ендемичен вид на
скакулец кој се наоѓа само на Водно. Има растение кое е на светската црвена
листа на загрозени видови и има меѓународна заштита. Сето ова неповратно ќе се
уништи. А, се работи за заштитено подрачје, парк-шума која ужива меѓународен
статус на заштита”- објаснува Чакулев.

Од невладините велат дека надлежните мора да работат
принципиелно и одговорно.

“Она што очекуваме од власта е да ја земе алтернативната
варијанта на север од Скопје  која била
разгледувана како можно решение и да ја напушти идејата за изведба на проектот
низ Водно. Во случај да одлучат дека сепак ќе продолжат со изградба низ
парк-шумата ќе известиме повеќе меѓународни организации кои се надлежни за
заштитени подрачја, како IUCN, International Union for Conservation of Nature,
potoa EEA, European Environment Agency како правен процес на  на оспорување и нормално ќе спречиме градење
низ Водно со жив штит од луѓекои би кампувале горе протести” –додава Чакулев.

Според активистите Водно има природна и неповторлива убавини
, но и одговорност. 

“Постои и опасност од свлечишта, а познато е дека има
секакво градење. Во врска свлечиштата познато 
е дека секакво градење низ Водно предизвикува појава на свлечишта и
ерозија на теренот.Колку и да се внимава, неизбежна е нивната појава  при секоја градба па така и при градење на
планираниот гасовод. За загадениот воздух, имајќи во предвид дека се потребни
120 метри квадратни зелена површина по глава на жител на овој начин се одзема
воздух на 314 до 785 граѓани. Водно се белите дробови на Скопје и шумата и
секое дрво во неа се апсолутно неопходни за Скопје кое има намалена зелена
површина, а зголемен број на жители и големо аерозагадување. Шумата не само што
не смее да се сече, туку треба и да се обнови”- порачува Чакулев.

Пробивањето на овој крак од гасоводот по сртот на планината
почна пред два месеца, но откако граѓански активисти жестоко реагираа за
исечената шума, запре работата на багерите, а засегнатите страни почнаа
преговори. Невладините велат дека од сите 53 документи наведени во Одобрението
за градење, ниту еден не е документ со кој е одобрена градба во заштитено
подрачје, а и Градот Скопје лани од МЕР побарал да се преиспита трасата“ –
велат Граѓански активисти.

Според невладините, неоправдано е уништувањето на шумата,
бидејќи постои алтернативно решение за траса која поминува од северната страна
на Скопје. Иако оваа траса била разгледувана како можна варијанта за градба,
според невладините, нејасно е зошто не е прифатена.

Од Градот Скопје се оградуваат. Велат дека немаат ништо со
проектот и дека во преговорите биле вклучени како посредници.

„Во моментот течат финални консултации во Владата за
проектот за гасификација и гасоводот што е планиран да поминува низ Водно.Главната
цел на овој проект за гасифијкацијата е заштитата на животната средина. Затоа
наследената состојба со проектот се менаџира во насока на минимализирање и
превенирање на било какви промени во нарушување на природата“ изјавија од
Владата.

Изградбата на трасата Скопје – Тетово – Гостивар чини 34
милиони евра, а тендерот пред две години го доби кумановската фирма „Рапид
Билд“, во сопственост на Тони Каранфиловски, откако останатите фирми беа
дисквалификувани дека не ги исполнуваат условите.

Извор: https://faktor.mk/